
Нашата приказна
Флотинг ДООЕЛ Скопје е основана на 8 март 2021 година и работи во областа на проектирање и изведба на термотехнички инсталации, вклучувајќи системи за греење, ладење и вентилација, како и системи за водовод и канализација.
Започнувајќи како мал тим и подизведувач, Флотинг прерасна во стабилна и препознатлива компанија, благодарение на професионалноста, искуството и посветеноста на својот тим. Денес, компанијата е препознатлива по висококвалитетна изведба, современа опрема и почитување на договорените рокови.
Мисија
Да обезбедуваме висококвалитетни, енергетски ефикасни и сигурни решенија во областа на термотехничките инсталации, греењето, ладењето и вентилацијата, преку професионален пристап, современа технологија и континуирана поддршка за нашите клиенти.
Визија
Да станеме водечка и препознатлива компанија во регионот и пошироко, симбол на квалитет, доверба и иновации во областа на HVAC системите, преку континуирано подобрување на услугите и развој на високо стручен тим.